Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска им го честита крајот на учебната година на сите ученици и наставници.
Таа рече дека за стартот на новата учебна година ќе информираат навремено, односно пред август.
– Сѐ што не е потврдено како информација е шпекулација. Министрите не шпекулираат туку изнесуваат факти. Токму затоа изјавувам дека Министерството за образование заедно со Министерството за здравство, комисијата за заразни болести и кабинетот на премиерот разгледуваат кои се можностите за почнување на учебната година од септември. Во моментот кога ќе има официјална информација таа ќе ѝ биде соопштена на јавноста и тоа нема да биде во август туку многу порано – рече Царовска.