ОДБЕЛЕЖАН 15-ОТ ЈУБИЛЕЕН РОДЕНДЕН НА ПРВАТА ПРИВАТНА ОПШТА БОЛНИЦА СО КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Иако со намален капацитет, со преземање на сите мерки на заштита и внимателност, успеваме да сочуваме еден ритам на работа кој нема да го загрози ниту персоналот на болницата, а од друга страна ќе бидеме отворени за сите оние на кои здравствената помош им е неопходна, децидни и решителни се во првата приватна приватна општа болница „Ре-Медика“

Првата приватна приватна општа болница „Ре-Медика“, денеска, на Светскиот ден на здравјето, го одбележа својот јубилеен 15-ти роденден. По тој повод, беше одржана традиционалната крводарителска акција, во која учествуваа вработените во болницата, со што ја потврдија нивната хумана мисија и професионалност која што ја работат секојдневно.

Болницата, и во услови на пандемија работи контиунирано, во ритам кој не го загрозува ниту медицинскиот персонал и сите вработени, истакна проф. д-р Андреја Арсовски, медицински директор на „Ре-Медика“.

– Никој не знае како ќе се одвиваат работите, колку ќе бидат реалните потреби од крв, така што веројатно могу е потешко да се спроведуваат овие крводарителски акции, со оглед на состојбата во која се наоѓаме. Ние решивме дека и оваа година, по повод 7 април, на роденденот на „Ре-Медика“, да во рамки на можностите од нашите вработени донираме крв која ќе биде правилно искористена на оние на кои им е најнеопходна – рече д-р Арсовски.

Тој додаде дека овој јубилеј се паѓа во време кое бара рестрикции во однесувањето на сите во секаков аспект.

– Ние сакаме да го честитаме Светскиот ден на здравјето, на оние здравствени работници кои се на првиот удар во одбраната од оваа епидемија. Како наш придонес, се трудиме во рамките на целокупната ситуација и понатаму да останеме отворени во однос на оние најнеопходни здравствени услуги кои треба да ги даваме. Иако со намален капацитет, со преземање на сите мерки на заштита и внимателност, успеваме да сочуваме еден ритам на работа кој нема да го загрози ниту персоналот на болницата, а од друга, страна ќе бидеме отворени за сите на кои помошта им е најнеопходна. Уште еднаш сакам да го честитам 7 април на сите здравствени работници и да им посакам многу здравје и успех во справувањето со епидемијата, особено на оние кои секојдневно и несебично се изложуваат на сите опасности и успеваат да ја држат оваа епидемија под контрола – додаде медицинскиот директор.

Во рамките на својот роденденски концепт, болницата организираше преку своите социјални медиуми награден квиз за сите трудници. Ирена Велковска е добитничка на бесплатно породување, а Билјана Динова и Анита Михајлоски, добија ваучер од 15 отсто попуст за породување.

Во услови на вонредна сосотојба заради коронавирусот, во болницата беше спроведена крводарителска акција по сите здравствени протоколи, согласно мерките и препораките на Светската здравствена организација и Владата.

– Ова ми е десетто по ред дарување крв. Пред се`, ова за мене е хуманост, желбата да се помогне некому е основна човекова вредност. Иако има апели дека има доволно крв во ситуацијава со коронавирусот, сепак јас како крводарител сметам дека секоја капка крв е добредојдена – рече Љупка Андовска Стаменковски, медицинска сестра на одделот за неонатологија и педијатрија.

Ортопедот д-р Димитар Споа веќе неколку годни по ред дарува крв.

– На дело покажувам што значи максимата „Дарувај крв, спаси живот“. И во тешки услови треба да најдеме време да даруваме крв. Во услови на намалени социјални контакти, сепак треба да се најде простор за оваа хумана активност – вели докторот.

Прим. Д-р Горан Андонов, од Институтот за трансфузиона медицина, истакна дека вработените на болницата се вистински херои.

– Традиционално, на овој датум кога се одбележува Светскиот ден на здравјето, вработените ја покажуваат својата хуманост. Во овие тешки времиња, сметавме дека традицијата не треба да ја прекинеме и во оваа прилика им се заблагодраувам на сите дарители на крв кои се вработените во „Ре-Медика“, но и на крводарителите во нашата држава. Тие ја покажуваат својата хуманост во овие небрежни времиња. Тие се вистински херои. Тие се овде за оние на кои им е потребна оваа драгоцена течност. Со оваа акција уште еднаш ја потврдуваме целта за подигнување на свеста за потреба од крводарителство. „Ре-Медика“ поставува значаен пример, со цел да се покаже морална одговорност кон заедницата во насока на придонесување за зголемување на крвните единици што ќе овозможат да се спасат повеќе животи – рече д-р Андонов.

Оваа акција се спроведува во соработка со Црвен крст на град Скопје, Црвен крст на општина Гази Баба и Институт за трансфузиона медицина.