Министерот за надворешни работи на Република Финска, Пека Хависто престојува во официјална посета на Македонија. Посетата се одржува во клучен период за европската иднина на нашата земја и во време кога Финска претседава со Советот на ЕУ.
Фокус на разговорите се очекува да биде ставен врз очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија, постигнувањата од домашната реформска агенда и напредокот во добрососедските односи, како и активностите и поддршката од страна на тековното финско претседателство, а во пресрет на октомврискиот Совет на ЕУ.
Во рамки на посетата, покрај разговорите на финскиот министер со домаќинот – министерот за надворешни работи Никола Димитров, предвидени се и средби со претседателот Стево Пендаровски, како и со претседателот на Владата, Зоран Заев.