Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и амбасадата на Република Србија утре ќе потпишат нов меморандум за соработка меѓу факултетите/универзитетите во двете земји, информира деканатот на Филолошкиот факултет. Средбата ќе се одржи во просториите на факултетот.
Со овој меморандум се засилуваат веќе воспоставените врски меѓу двете земји на планот на високото образование, а се отвораат и нови можности за натамошно унапредување на соработка.