Министерот за здравство Венко Филипче ќе иницира менување на досегашните прописи со цел да се овозможи воведување на вонредни мерки при зголемено загадување на воздухот.
Според досегашната практика, т.н. интервентни мерки се воведуваат кога концентрацијата на отровните ПМ 10 честички е над границата од 200 микрограми три дена едноподруго.