Министерот за здравство, Венко Филипче, упати честитки по повод пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство и апелира да се почитуваат мерките за заштита од коронавирус.
– Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славење, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација – напиша Филипче на социјалните мрежи.