Претставничката на Социјалдемократите во Европскиот парламент, Тања Фијон, за време на дебатата за Србија предупреди дека не е сменета состојбата со медиумите, на неприспособена политика на визната либерализација, како и на евентуална дестабилизација на регионот во случај на промена на границата, како дел од договорот помеѓу Белград и Приштина.
Таа, за време на дебатата за поднесените амандмани за нацрт-извештајот за Србија во надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент, нагласи дека најзначаен компромисен амандман е тој што се однесува на дијалогот Белград – Приштина и можноста за промена на границите.
– Знам дека е чувствително прашање и дека целта беше да имаме ист текст за двете страни во процесот. Од искуството на Словенија можам да кажам дека секое поместување на границите би го дестабилизирало регионот и тоа е нешто што мораме да го избегнеме – посочи Фајон.