Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Снежана Бундалевска-Георгиевска, Сашо Рајчев и Наум Пановски се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје на денешната седница на Советот на јавни обвинители.
Фетаи и Рустеми доаѓаат од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.
Советот денеска за јавни обвинители ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларевиќ.
Стојанчо Арнаудовски, пак, беше избран за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга.