Позитивни на коронавирус се уште две лица од Дебар, кои биле во контакт со тројцата заболени, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.
– Од сите испитани денеска двајца се позитивни на вирусот, тоа се двајца луѓе од Дебар кои биле во непосреден контакт со заразените од Дебар, другите лица кои живеат со нив се негативни, но ќе бидат на домашно лекување, тие нема да бидат хиспитализирани- рече Филипче на прес-конференцијата.
Со нив, вкупниот број заболени во моментов изнесува осум лица, со тоа што тестовите на првата пациентка веќе се негативни и ќе биде пуштена на домашно лекување.
Денеска беа тестирани вкупо 12 лица за коронавирус.