Попладне почнувајќи од запад ќе започнат врнежи од дожд, во вечерните часови ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Во текот на ноќта и утре во утринските часови процесите ќе бидат во форма на невреме со обилни врнежи од дожд (над 30 л/м2 за кратко време), силен ветер (со удари над 80 км/час), појава на грмежи и можна појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. Се очекува за кратко време да наврне поголема
количина на воден талог. T= 24 °C, P= 973 hPa, U= 55 %, V= 10 m/s.
Утре претпладне ќе има врнежи од дожд, во источните делови поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Попладне врнежите ќе престануваат и до четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток попладне повторно ќе има врнежи од дожд, на места пообилни.