Времето утре ќе биде сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.
Во петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.