Времето утре ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=9
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.
И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, најавуваат од УХМР.
Максималните температурни вредности по должината на Повардарието за 2-3 степени ќе го надминуваат 40-тиот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.