Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде висока и ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на оваа и почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.