Во текот на ноќва и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, информира УХМР.
На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурата на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали. Утринската температура утре изутрина во земјава ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.
Локална нестабилност ќе има и во недела, а од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.