Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно ќе бидат застапени во западните и југозападните делови на земјава.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 10 до 19, а највисоката дневна температура ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, предпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температура 17-31 степени.
В четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Од петок времето ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.