Успешно е извршена уште една трансплантација на срце во Македонија, четврта од минатиот мај.
– Рано утрово срцето на 44-годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа 100-ина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем – објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
Експлантацијата на бубрезите и срцето од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт, ја почнаа пред полноќ медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија. Вршена е и експлантацијата на коскените ткива. Тројца пациенти ноќеска се подготвуваа за трансплантација на органите.
елата постапка ја водеа болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство.