Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лejен, утре ќе допатува во земјата, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.
Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде што, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон киното „Фросина“, каде што ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лejeн во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија.
Фон дер Лejeн од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан, почнувајќи од Албанија и Македонија.
Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот.
Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде самит за проширувањето, туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.