Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има за распишување референдум на државно ниво со кој се бара повлекување на законот за учебници е оценета како уредна од страна на матичните собраниски комисии.
Извештајот ќе биде испратен до претседателот на Собранието Талат Џафери од страна на собраниските комисии.
Референдумот е предложен со 100 потписи, а иницијативата дополнително треба биде потврдена со 10 илјади потписи, по што надлежните органи треба да распишат референдум.
Предлагачот Драгана Спасевска упати апел до министерката за образование Мила Царовска да го повлече предлог законот за учебници и да се откаже од нивна дигитализација. А пратениците од опозицијата побараа од Царовска да се откаже од законот и преку јавна расправа и широка дебата да се изготви квалитетно законско решение.
Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, најпрво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование. Учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени учебници.