Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски на рочиштето затворено за јавноста, со образложение дека условите за екстрадиција не биле исполнети, објавуваат унгарските медиуми.
Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017-та година, за што е осомничен дека бил организатор.
Груевски беше приведен изутринава во Будимпешта, на барање на судот.
Поранешниот премиер доби политички азил во Унгарија откако беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.