Стотици граѓани се собраа да ја прослават мисата на поглаварот на Римокатоличката црква на плоштад „Македонија“ во Скопје. Граѓните од целата Република, но и од странство трпеливо чекаат да минат низ контролните влезови и безбедносни пунктови во центарот на главниот град, каде по посетата на Вила Водно и спомен-куќата на Света Мајка Тереза, папата Франциск да одржи свечена литургија.

Покрај Македонците, најбројни се верниците и гостите од Хрватска и од Словенија, а има луѓе кои во Скопје специјално пристигнале за да ја проследат Светата Литургија на папата Франциск од Франција и од САД.

Снимателите, фотографите и новинарите исто така се подготвени да ја проследат во живо светата литургија на папата. М.Ж.