Тринaесетмесечно бебе од Свети Николе вчера попладне починало од компликации предизвикани од морбили на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Детето и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.
Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.
Од таму апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување.
-Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење- информираат од Министерството за здравство.