Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Македонија. Епицентарот е во мавровскиот регион. Истиот е почуствуван во западните делови на земјата.
Овој земјотрес е дел од серијата на потреси кои се случија во изминативе два дена.
Најсилниот земјотрес кој беше измерен е 4,7 степени според Рихтеровата скала. Тој беше регистриран во петокот во 22.17 часот, со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје.