Собранието не ја процесираше нацрт-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Венко Филипче од функцијата министер за здравство.
Како што истакна првиот човек на Собранието, Талат Џафери – без предлог од премиерот, не може да се разреши член на Владата.
По ваквата одлука, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала и нема да учествува на 50-та седница.