Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го поддржа денешниот протест на судската администрација, на кој вработените во судовите протестираат против одлуките на Судскиот буџетски совет за нерамномерно зголемување на додатоците на плата за судиите и судските службеници, како и за недонесувањето конечна одлука за исплата на платите за дел од вработените што учествуваа во штрајкот во 2016 година.
– Сметам дека залужуваат повисоки плати. Станува збор за највредните службеници во државата, заедно со здравствените работници и со просветните работници. Сметам дека и судските административци треба по разни основи да имаат поголеми примања, бидејќи многу работат и имаат стресна работа. Не гледам проблем во судско –буџетскиот совет, ние ги поддржуваме нивните барања – изјави претседателот Џолев.
Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски, исто така го искажа своето незадоволство.