Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, како носител на националната камања „Биди срцевина, биди херој“, изрази благодарност до сите учесници на вчерашниот „Скопски маратон“ за огромниот одзив на потенцијални дарители на коскена срцевина.
Како што велат на штандот на клиниката, за помалку од два часа, се пријавиле околу 100 доброволни дарители, кои од вчера стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30 милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот регистар. Најмладиот од нив има само 17 години.
– Нѐ прави неизмерно среќни и задоволни фактот што грѓаните и учесниците на вчерашниот маратон покажаа исклучително висока свест за хуманост и солидарност. Одѕивот ги надмина нашите најоптимистични очекувања и покажа дека можноста да се биде од полза за да се спаси нечиј живот е препознаена и кај нас. Луѓето сакаат да бидат дел од оваа заедничка хумана мисија. Честитки до сите хумани граѓани – велат од Клиниката за хематологија.
Стручно-медицинскиот персонал на Клиниката за хематологија, Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ-Медицински факултет-Скопје, националниот координаторот за трансплантација заедно со пријателите и поддржувачите на кампањата зедоа активно учество во маратонот, со цел да ја пренесат пораката на кампањата до сите присутни, дека со запишување во регистерот се зголемува можноста да се спаси живот.