Македонија е важен сојузник на НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по повод една година од членството на земјата во НАТО.
Во видео обраќање по тој повод, Столтенберг вели дека Македонија е суверена земја која има свое место во Алијансата.
– Честитки уште еднаш на Северна Македонија за успешната прва година. Ви благодариме за континуираниот придонес на нашата заедничка безбедност. Ѝ благодариме на Канцеларијата за врски на НАТО за целата нивна помош и поддршка низ годините. Заедно стоиме, 30 сојузници на број. Заедно продолжуваме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани – вели Столтенберг.