Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ го награди режисерот Столе Попов со „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.
Попов во своето обраќање по примањето на наградата рече дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камо ли на прифаќање. Тој исто така испрати и порака до политичарите – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема, рече Попов
Режисерот додаде дека му е драго што наградата од Друштвото на филмските уметници на Македонија го задржала генеричкото и порача дека за македонскиот јазик воопшто не смее да се разговара.
Столе Попов ги режираше македонските филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и „До балчак“ .