Унијата на средношколците најави дека в петок ќе излезе на протест во Скопје, во знак на незадоволство од одлуката на Министерството за образование и наука за онлајн следење на учебната година.
Унијата ја донесе ваквата одлука попладнево на онлајн-состанокот на кој учествувал 51 претставник на средношколците од 17 града.
Средношколците сметаат дека треба да постои избор за комбиниран модел, односно да постои можност за избор на настава со физичко присуство, поради што Унијата бара од надлежните измена на одлуката, при што би се овозможило физичко присуство на наставата во регионите каде што тоа го дозволуваат здравствените услови.