Српската православна црква (СПЦ) се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА.
Во случај да биде повторен преседан каков што направи константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, тоа може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, кажал викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј на меѓународната богословска конференција во Киево-печерската лавра „Соборноста на црквата: богословски, канонски и историски измеренија”, како што беше соопштено на фејсбук-страницата на Центарот за информации на Московската патријаршија во Украина.
– Доколку бидат донесени решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава, која може да го наруши евхаристиското општење меѓу Константинопол и СПЦ – рекол епископот Антониј.
МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј, откако повремените разговори за повеќедеценискиот спор со СПЦ не доведоа до позитивен исход.