Албанскиот премиер, Еди Рама ги предупреди земјите-членки на ЕУ дека ќе било штетно за регионот ако Македонија ги почне пристапните преговори пред Албанија, пренесе албанската телевизија „Топ ченл“.
– Би било многу штетно за регионот, а истовремено и неправедно. Македонија постигна напредок и заслужува пофалби, но прашањето е дали нам ни е потребен конфликт за да се процени она што ние го правиме – изјави Рама во интервју за „Еуроњуз“.
Во интервјуто шефот на албанската влада говореше за улогата на Европскиот совет во интеграциите на Западен Балкан во ЕУ, нагласувајќи дека Советот не го зема в предвид она што го прави власта во земја каква што е Албанија, туку се раководи од ситуацијата и динамиката на внатрешните политики во земјите членки на ЕУ.