Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, денеска изјави дека на нашата земја и претстои вистинска работа со цел да ги води преговорите за влезот во Европската Унија. Тој рече дека дел од реформите се спроведени, но и дека останува друг дел кој допрва треба да се спроведат.
– Државите-членки на ЕУ будно следат се што се случува. Во таа област сакам особено да ја истакнам француско-германската соработка, но и развојот на состојбата во регионот во рамки на стратегијата објавена во рамките од нашиот претседател на државата – изјави Тимоние.
Во врска со прашањето за СЈО, Тимоние рече дека тоа е значајна тема за повеќе држави-членки на Унијата, бидејќи тоа го докажува владеењето на правото во земјата.