Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Крива Паланка го отвори меморијалниот турнир во мал фудбал “Бранители 2001“, што во чест на загинатите припадници на МВР од овој крај се одржува 17-та година по ред.
-Меморијалниот карактер на фудбалскиот турнир има крајно благородна цел, во името на ненадоместливата загуба на нашите бранители-херои. Цел која што во името на нашата совест и во име на највисоката вредност – човечкиот живот – треба постојано да не потсетува, како луѓе и како општество, никогаш да не заборавиме за жртвите и обврските кон нив-нагласи Спасовски.
Спасовски пред свеченото отворање на турнирот, заедно со делегација од МВР положи цвеќе пред споменикот на Бранителите во кругот на Полициската станица Крива Паланка.