Безбедносните информации и анализи моментално укажуват дека не постојат закани од нов мигрантски бран на т.н. „балканска рута“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Охрид, каде учествува на Генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ.
Тој додаде дека доколку и дојде до мигрантска криза, Македонија е подготвена да реагира.
– Во завршна фаза сме со склучување договор со „Фронтекс“ што исто така ќе помогне во заштита на границата, така што Македонија е подготвена за каков било развој на настаните. Засега нема најави, информации кои би требало да загрижуваат – рече тој.
Спасовски истакна дека Република Македонија, иако не е членка на ЕУ ги штити надворешните граници на Европа, а склучувањето договор со „Фронтекс“ ќе значи директна помош од Унијата во обезбедувањето на јужната граница од евентуален нов мигрантски бран.