Делегација од Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во чиј состав ќе биде и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, од денеска ќе престојуваат во Женева, со цел учество на 70. Сесија на Извршниот комитет на Програмата на високиот комесар за бегалци на ОН.
Во текот на утрешниот ден, Спасовски ќе има свое обраќање, а акцентот ќе биде ставен на активностите кои од страна на земјата се превземаат во однос на прашањата кои се високо на агендата на високиот комесар за бегалци на ОН.
Предвидено е за време на учеството на Конференцијата, Спасовски и Жерновски да остварат билатерална средба со високиот комесар за беглаци на ОН, Филипо Гранди.
За време на сесијата, покрај редовните прашања од надлежноста на Комитетот, предвидено е и одржување на Сегмент на високо ниво посветен на лицата без државјанство, кој ќе претставува основа за организирање на т.н. Глобален форум за бегалци во декември годинава.