Премиерот Оливер Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Олексиј Гончарук за трагичната авионска несреќа.
– Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот ‘боинг 737’, што се случи во близина на техеранскиот аеродром, а во којашто животот го загубија повеќе од 170 лица. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите – е наведено во телеграмата.