Фото: Архива

Сојузот на средношколци вчера до пратениците доставил писмо во кое се бара поддршка за да се овозможи полагање на два предмета на државната матура, наместо четири. Во писмото е истакнато дека Министерството за образование и наука ги игнорира нивните барања и одбива компромис по ова прашање, пренесуваат повеќе медиуми.

Сојузот бара измени на законот за средно образование, односно „јасно наведување дека одредбите се привремени, т.е. се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“.

Денеска завршува бојкотот на наставата од страна на матурантите кој почна минатиот четврток, а тие утре треба да одлучуваат за идните чекори, според најавите на претседателот на Сојузот Бленди Ходаи, кои тој ги истакна во изјава за МИА.