Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од таму ги потсетуваат возачите дека од 15 ноември 2020 важи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.
Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.