Седум основни училишта во Скопје од денеска ќе започнат со реализација на Проектот Сообраќајни училишни единици во организација на СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Како што појаснија организаторите, овој Проект е во функција на зголемување на безбедноста во соообраќајот.
Одделението за превенција при СВР Скопје, Општина Центар покрај реализацијата на многубројните инфраструктурни проекти наменети за пешаците, велосиопедистите и возачите на моторните возила, а со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот особено на учениците во основните училишта, донесе одлука за формирање односно организирање на училишни сообраќајни единици во рамки на сите седум основните училишта наподрачјето на општината, се истакнува во соопштението на организаторите.