Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.
Следува период на стабилно време, освен во недела кога ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст.