Времето денеска, претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност, а попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 30 степени.
Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.