Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно ќе има нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје и околината времето предпладне ќе биде сончево, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се двиќи од 12 до 28 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.