Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 16 степени, а максималната од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.