Сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал 25 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Во недела кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.