Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
За време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, особено во вторник.