Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени.