Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.
Утре попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од утре ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.