Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје претежно сончево. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и суво време со дневни температури над просекот за овој период од годината. Од сабота ќе започне да дува повремено засилен северен ветер, а од недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени врнежи од дожд.