Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува, и ќе достигнува брзина до околу 40 км/час. Температурата на воздухот ќе биде во значително покачување.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, но и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 13 степени.
Во петок времето ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд ќе има в сабота, а од недела се очекува повторно стабилизирање на временската состојба.