Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток ќе има поголемо зголемување на облачноста.