Во Собранието за денеска во 14 часот се закажани две пленарни седници на кои би требало да бидат донесени повеќе закони.
Претседателот Талат Џафери за денеска ги закажа 32. и 36. седница. Најпрво да се донесат законите од 32-рата, а потоа следува 36-тата.
На 32. седница имаше расправии во собранието во четвртокот вечерта, кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, и не сакаа да се одржи таа седница, туку бараа да се премине на 36. во која требаше да бидат донесени 5. сет мерки за граѓаните и стопантството.
За денеска исто така има најава дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат, за да не се обезбеди кворум. Албанската опозиција, пак, најави дека ќе биде во Собранието.
Од владеачкото мнозинство, пак, најавија дека ако не биде обезбеден кворум, тогаш заразените пратениците ќе бидат донесени со скафандери за да гласаат за законите од 32. седница.